Почетна Убавина и здравје 24 години живее со трауми – Убавина и здравје

24 години живее со трауми – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Џастин Бибер (30) првпат е виден во јавност по обвинувањата против Пи Диди, кој се дружел со пејачот во неговиот тинејџерски период

Џастин Бибер се појавил во друштво на сопругата Хејли Бибер само неколку недели по раѓањето на нивниот син Џек Блуз.

Двојката била видена во еден ресторан, каде што биле на вечера цели 2 часа. Ова е првото појавување на славниот пејач по апсењето на Пи Диди, раперот осомничен за повеќекратни силувања, подведувања, дрогирања и организирање проблематични забави во Холивуд.

Џастин Бибер ги загрижил обожавателите со својот слаб и болен изглед,. Тој излегол во град облечен во избледени широки фармерки, јакна и каубојски шешир.

Слаб и видно запустен, пејачот се смешкал, но многумина ја прочитале неговата насмевка како повик за помош.

Наредниот ден Џастин повторно излегол во придружба на сопругата, а во оваа пригода носел домашни влечки, блузон кој бил сосема откопчан и кој го покажувал неговото голо тело, каубојски шешир, а во рацете носел шолја од која пиел и на која пишувало „тато мечок“.

Шпекулациите дека нешто сериозно се случило меѓу Џастин и Пи Диди започнаа од моментот кога на Интернет се појави видео од 16-годишниот Џастин Бибер како се „дружи“ со Пи Диди.


Поврзани објави

На видеото раперот го прегрнува младиот пејач и вели:

„Добив старателство над него во наредните 48 часа. Ќе правиме сѐ и сешто, дефинитивно сѐ за коешто сонува едно 16-годишно момче.“

Ова морничаво видео беше доволно за да коментираат обожавателите дека од тој момент Џастин веќе никогаш не бил свој. По оваа средба, тој сѐ почесто почнал да се појавува со замаглени очи, чудно однесување и запустен изглед.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @justinbieber / X @ReturnOfKappy

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING