Стотици илјади луѓе се евакуирани од своите домови низ територијата на Австрија, Чешката Република, Унгарија, Романија и Словачка -Бројот на загинати во поплави предизвикани од поројни дождови кои ја зафатија централна Европа, се искачи на 16, а уште неколкумина се водат како исчезнати, пренесува „Гардијан“. Властите пријавиле смртни случаи во Чешка, Полска и Австрија и предупредија дека „најлошото можеби допрва доаѓа“.
Шефот на чешката полиција, Мартин Вондрашек, изјави дека една жена се удавила во поток што се излеал од коритата во близина на Брунтал, град со околу 15.000 жители на североистокот на земјата, а уште седум лица се водат како исчезнати. Како што пренесува „Гардијан“, локалните австриски медиуми објавија дека двајца мажи на возраст од 70 и 80 години се удавиле откако биле „заробени“ од надојдената вода во нивните домови во градовите Бехајмкирхен и Сиерндорф. Климатолозите се вознемирени од штетите предизвикани од поплавите што ја пустошат централна Европа.
Бројот на жртвите во Полска се искачил на шест, меѓу кои и хирург кој се удавил враќајќи се од болница во југозападниот град Ниса. Четири лица починале во јужните градови Биелско-Бјала и Ледек-Здрој. Стотици илјади луѓе се евакуирани од своите домови низ територијата на Австрија, Чешката Република, Унгарија, Романија и Словачка.