Девојката на Тоше Проески не сака да зборува за него.
Поминаа 17 години откако во сообраќајна несреќа загина Тоше Проески, за кој многумина тврдеа дека ќе стане најголемата балканска ѕвезда поради неговиот божествен глас. А освен тоа што имаше глас на ангел, Тоше имаше и ангелски особини, за кои и денес зборуваат сите кои го познавале.
Покрај сето тоа, тој беше многу убав и затоа беше голем миленик на женскиот пол. Тоше неизмерно ги сакаше и почитуваше дамите, но девојката на Тоше Проески знаеше дека неговото срце е резервирано само за неа.
На 16 октомври 2007 година, целиот Балкан тагуваше, а родителите и сестрата на Тоше останаа засекогаш да тагуваат по него, додека неговата девојка по неколку години почна нов живот.
Многу ни недостасува, тој беше голем човек со големо срце. Се сеќавам на него кога беше мал, а потоа порасна во вистински, добар човек. Го видов седум часа пред да умре, разговаравме речиси два часа. Ми кажа дека гостувал на телевизија и дека потоа ќе оди во Загреб. По телефон му кажале на неговото семејство дека починал. Не можевме да веруваме и сè уште не веруваме – вели сосед на семејството Проески.
Поврзани објави
Родителите на Тоше Просеки никогаш не се помирија со смртта на нивниот син, а татко му почина од тага по него.
Неговите родители се физички истрошени, не им е добро. Тагуваше цела нација, цел Балкан – изјавил соседот на Тошет пред смртта на таткото на Тоше, додека родителите никогаш немаа сила да проговорат за медиумите.
Мајката сè уште живее мирно и тивко во Крушево, во куќа на која на ѕидот е насликан ликот на нејзиниот син.
Покрај своето неутешно семејство и многубројните обожаватели, Тоше зад себе ја остави и својата девојка, поранешната ракометарка Андријана Будимир. Таа беше последната личност на која Тоше ѝ испрати порака.
Моја единствена принцезо те сакам многу, па ќе те чувам во сон. Сè има смисла откако се врати во мојот живот. Те сакам – напиша Тоше, а само неколку минути подоцна засекогаш го напушти светот.
Шест години по смртта на Тоше, Андријана се омажи со сопственик на ресторан во Скопје, со кој го доби синот Максим. По смртта на пејачот, таа никогаш не сакаше да дава изјави за медиумите.
Фото: Instagram (@andrijana_budimir_official, @toseproeski_)