Почетна Економија Ќе се спојуваат АР и АНБ во единствена безбедносна-разузнавачка служба

Ќе се спојуваат АР и АНБ во единствена безбедносна-разузнавачка служба

од nenad
2 минути читај за

Спојување на Агенцијата за разузнавање (АР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во една единствена модерна безбедносно-разузнавачка служба, се предвидува во програмата на новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во соработка со домашните експерти и граѓанскиот сектор, а со цел постигнување широка граѓанска и експертска поддршка, се предвидува спојување на Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност во една единствена модерна безбедносно-разузнавачка служба.

   

Агенцијата ќе биде раководена од високи професионалци избрани под строго утврдени критериуми според стандардите на ЕУ и НАТО. За правилно функционирање на Агенцијата, предвидуваме изградба на комплетно нов објект за таа намена, врз основа на строги безбедносни НАТО стандарди, надвор од Министерството за внатрешни работи, пишува во програмата на новата Влада која синоќа беше изгласана во Собранието.Ова се напишано а во делот од програмата „Безбедност и одбрана“ каде се предвидува и продлабочување на соработката со НАТО и ЕУ, билатералната и регионалната соработка, „градејќи партнерства за заеднички одговор на клучните безбедноси прашања и придонесувајќи во напорите за колективна одбрана“.

-Ќе се зајакне и унапреди сорабтката помеѓу сите чинители на кои во фокусот им е борбата и детектирањето на тероризмот на национално, регионално и меѓународно ниво, ќе се надогради безбедносниот систем за да има капацитет да се спротивстави на сите облици на организиран криминал и корупција вклучително и во своите радови, се додава во програмата.
Агенцијата за разузнавање сега е во надлежност на претседателот, а ја води Ерол Муслиу чија работа беше критикувана додека ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција, а поранешниот потпретседател на партијата, сега министер за транспорт, Александар Николоски обвинуваше дека Агенцијата за разузнавање се користи за прислушување на опозицијата, наводи кои експресно ги демантираше АР.

Агенцијата за национална безбедност пак во 2022 година доби нов директор, Зарко Милошевски, кој го наследи Виктор Димовски. Тогашната опозиција, ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше неговиот избор и обвинуваше дека е пулен на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.Според информациите што тогаш ги пласираа, Милошевски за време на нападот во „Диво насеље“, каде загинаа осум полициски припадници бил началник на единицата за екстремизам во УБК и направил погрешна проценка на состојбата.

АНБ и ОТА (Оперативно-техничката агенција) произлегоа од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, по големиот скандал дека УБК прислушувала над 20 илјади граѓани.
Вработените во АНБ, според тогашните измени немаат полициски овластувања, туку само оперативно собираат информации и понатаму да ги доставуваат до другите безбедносни органи во државата.
ОТА ги поседува уредите преку кои се вклучува, управува и исклучува сигналот за следење на комуникациите, уредите преку кои се овозможува пристапот на органите до податоците од мобилните оператори и целата техничка координација за прислушувањето, која во минатото беше во рамките на УБК.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING