Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ завчера, 12 мај, се ожени со убавицата Исидора Мијановиќ, која е 23 години помлада од него.
Тие направија црковна венчавка, па семејно го прославија овој ден.
Сергеј неодамна ја запроси Исидора за нејзиниот 28 роденден и оттогаш не ја кријат својата љубов на социјалните мрежи, па често ги објавуваат заедничките моменти.
Поврзани објави
Инаку, убавата русокоса се занимава со продукциска работа. Обожава уметност, природа и животни, што може да се заклучи од нејзините објави на мрежите.
Исидора на јавноста ѝ е позната и по врската со кошаркарот Нино Челебиќ, откако тој раскина со пејачката Теодора Џехверовиќ.
Сопругата на Сергеј е поранешна водителка на телевизија Инста, а во моментот работи како продуцентка во ТВ Пинк.
Да потсетиме, Сергеј и Исидора веќе извесно време уживаат во љубовта, а среќната вест таа ја објави преку социјалната мрежа Инстаграм.