Почетна Македонија ЌЕ НИКНАТ 70 ВЕТЕРНИЦИ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: Фирма од Дубаи ќе го гради ветропаркот од 500 милиони долари кој го најави Мицкоски

ЌЕ НИКНАТ 70 ВЕТЕРНИЦИ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: Фирма од Дубаи ќе го гради ветропаркот од 500 милиони долари кој го најави Мицкоски

од nenad
1 минути читај за

Инвестицијата на Алказар Енерџи ќе биде објавена утре од страна на Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, како и од самиот Мицкоски и министерката за енергетика Сања Божиновска.

   

„Инвестицијата на Алказар Енерџи во овој проект е вредна над 500 милиони  долари и развојот на овој проект ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните“, се вели во најавата.На настанот свое обраќање ќе имаат Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на Република Северна Македонија и Сања Божиновска, Министерка за енергетика, рударство и минерални суровини.

Инвестицијата на Алказар Енерџи во овој проект е вредна над 500 милиони долари и развојот на овој проект ќе донесе големи придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните.Според проектот,70 столба на ветерници треба да имаат вкупна моќност од 335 мегавати, но ќе треба добро да се испланира и балансирањето на производството, бидејќи ветерните паркови не испорачуваат постојано струја.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING