Почетна Убавина и здравје Ќе заспиете како бебенце! – Убавина и здравје

Ќе заспиете како бебенце! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Експертите нагласуваат дека ова овошје може да ви помогне да го подобрите квалитетот на сонот

Ако имате проблеми со спиењето, тоа може да доведе до фрустрација што уште повеќе го отежнува потонувањето во сон. Експертите препорачуваат во тој случај да го изедете ова овошје пред спиење.

На некои луѓе тешко им е да заспијат, особено во летните месеци, бидејќи им пречат големите жештини и недостигот од кислород. Експертите објаснуваат дека недоволниот сон поради лошиот распоред на спиење може да доведе до многу здравствени проблеми, а ги намалува и физичките и менталните способности во текот на денот.

Но има едно овошје што можете да го изедете пред спиење и од кое ќе се чувствувате многу подобро кога ќе се разбудите наутро.

Изедете киви за опуштање

Кивито со години е дел од рутината за заспивање на многу луѓе, а науката го потврдува значењето на кивито како помошно средство за спиење.

Поврзани објави

Кивито содржи големи количества на серотонин и антиоксиданси, како и витамини, како фолати и витамин Б, кои можат да помогнат при лекувањето на нарушувањата на сонот и при повторното регулирање на распоредот на спиење.

Кафето и тренингот можат да ви одмогнат

Немојте да внесувате кофеин попладне, бидејќи тој може да се задржи во организмот и до 10 часа.

Едно истражување од 2015 открило дека РЕМ-фазата е намалена за 10,5 отсто кај луѓето кои интензивно вежбале пред спиење. Тоа е времето кога вашиот мозок ги консолидира вашите сеќавања, ги предава научените работи во текот на денот во долгорочното помнење, а тоа е и периодот кога најмногу сонувате.

Истото истражување открило дека квалитетот на сонот се подобрува кога интензивниот тренинг се изведува наутро. Затоа, најдобро е да одбегнувате интензивни вежби пред спиење. Идеално е да го поместите вежбањето порано во текот на денот за да си овозможите квалитетен сон.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING