Почетна Македонија ЌЕ ДОБИВААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЈАДЕЊЕ, АМА ЌЕ ПЛАЌААТ ЗА ПРЕВОЗ? Една добра и една лоша вест за студентите

ЌЕ ДОБИВААТ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЈАДЕЊЕ, АМА ЌЕ ПЛАЌААТ ЗА ПРЕВОЗ? Една добра и една лоша вест за студентите

од nenad
3 минути читај за




                              Што се однесува до студентскиот стандард студентите не треба да имаат дилема дека Министерството ќе биде постојан нивен соработник, партнер и поддржувач, всушност ќе биде најголем нивен поддржувач, па оттука еве им испраќам порака дека – да, размислуваме за покачување на студентскиот оброк, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

 

На новинарско прашање дали Министерството за образование и наука ќе го плати долгот кон ЈСП-Скопје за бесплатниот студентски превоз во висина од осум милиони евра, Јаневска со одговор дека фактурите се пристигнати, но нема правен основ по кој Министерството би ги платила фактурите за бесплатниот студентски превоз. – Нема правен основ по кој Министерството би го исплатило тој долг. Нема спогодба, нема договор, нема владина одлука.

 

Така што, јас повторувам, и да сакам не можам, а јас сакам студентите да имаат слободен превоз и за следната година. Ние планираме средства за слободен превоз на студентите. Но, тоа мора да се реши на поинаков начин. За мене како министер начинот е Судот да одлучи, како ќе одлучи Судот така ќе постапуваме – изјави Јаневска. Таа повтори дека за идната година Министерството за образование и наука и Владата имаат планирано средства за слободен превоз на студентите.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING