Почетна Економија Јун Сук-Јол: Трговијата со оружје меѓу Северна Кореја и Русија е закана за светскиот мир

Јун Сук-Јол: Трговијата со оружје меѓу Северна Кореја и Русија е закана за светскиот мир

од nenad
1 минути читај за

Трговијата со оружје меѓу Северна Кореја и Русија е закана за светскиот мир, изјави вчера јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, цитиран од британските медиуми.

 Според јужнокорејскиот лидер, неопходно е либералните демократии да бидат силни и сојузнички едни со други за да се заштити слободата од „непромислените елементи“.

Јун ова го изјави на Хаваите, каде што се сретна со командантот на американската Индо-пацифичка команда, адмирал Самуел Папаро, соопшти кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

-Северна Кореја е закана за мирот не само на Корејскиот полуостров, туку и на глобално ниво преку нејзината илегална трговија со оружје со Русија, рече Јун.

Јужнокорејскиот претседател ги посети Хаваите на пат кон состанокот на лидерите на НАТО во Вашингтон.

Загриженоста за растечката воена моќ на Северна Кореја се зголеми откако Пјонгјанг минатиот месец склучи договор со Русија, кој вклучува договори за одбрана, рече Јун Сук-Јол. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING