Почетна Економија Јулија Навални: На Путин местото му е во истата ќелија во која го уби Алексеј

Јулија Навални: На Путин местото му е во истата ќелија во која го уби Алексеј

од nenad
1 минути читај за

Таа порача дека местото на рускиот претседател Владимир Путин му е во истата ќелија „во која го уби Алексеј“.

   

Обвиненијата покренати против Јулија Навални, која живее надвор од Русија, во отсуство се однесуваат на нејзиното наводно „учество во екстремистичко општество“, пренесува Би-Би-Си.Одговарајќи на налогот за апсење против неа, Јулија Навални објави на социјалната мрежа Х:

„Кога пишувате за ова, не заборавајте да го напишете главното: Владимир Путин е убиец и воен злосторник“.„Неговото место е во затвор, не некаде во Хаг, во удобна ќелија со телевизор, туку во Русија – во истата ќелија каде што го уби Алексеј“, наведе таа.Московскиот суд донесе одлука Навални, која вети дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот сопруг, да биде приведена и да биде распишана потерница по неа.Одлуката значи дека ќе се соочи со апсење доколку стапне во Русија.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING