Почетна Технологија ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СЕКОЈДНЕВНО МАШИНСКО И РАЧНО МИЕЊЕ НА СКОПСКИТЕ БУЛЕВАРИ И УЛИЦИ

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СЕКОЈДНЕВНО МАШИНСКО И РАЧНО МИЕЊЕ НА СКОПСКИТЕ БУЛЕВАРИ И УЛИЦИ

од nenad
1 минути читај за




ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со активностите за машинско миење на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со употреба на автоцистерни. Миењето со автоцистерни се реализира со цел – одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата на јавните и на сообраќајните површини, особено во летниот период. Согласно Оперативниот план за

одржување на јавната чистота на подрачјето на градот Скопје, активностите за машинско миење со автоцистерни се реализираат седум дена во неделата, во доцните вечерни часови.

Покрај машинското миење, екипите на Претпријатието спроведуваат и рачно миење на најфреквентните јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING