Доби торта со фигура…
Јована Јеремиќ годинава ќе известува во живо од претседателските избори во Соединетите Американски Држави на 5 ноември 2024 година, но нема да оди сама во Америка, туку со неа ќе оди колега од „Пинк“.
Затоа сега во утринската програма од него доби розова тростепена торта.
На самиот врв е фигурата која ја претставува Јована, која е облечена како тенисерка, со рекет во раката, а има и круна.
Поврзани објави
Во самата средина е фигурата на водителката Јована Јеремиќ, но и на Доналд Трамп додека се поздравуваат.
Моето место е на врвот на светскиот шоубизнис. Знам дека припаѓам таму. Облечена сум како тенисер затоа што личноста која најмногу ја сакам на светот после телевизијата е Новак Ѓоковиќ, тој ми го промени животот. По книгата што ја прочитав, сфатив дека сакам да бидам хероина на мојот живот, а не жртва во очите на другите“ – рече меѓу другото Јована Јеремиќ.
Фото: Instagram printskrin / и Printscreen/Pink