Почетна Македонија ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

од nenad
2 минути читај за




Во гостувањето за ТВ 24, новата пратеничка од Левица, Јована Мојсоска, зборуваше околу најавите дека ќе има условувања од можниот коалиционен партнер ВЛЕН, за промена на Уставот во рок од шест месеци. Според неа, Арбен Таравари треба да ги слушне и другите барања кои доаѓаат од ЕУ и кои се нотирани во извештаите на Европската Комисија. Имено, како што нагласи, во последниот извештај на ЕК беше нотирано дека Рамковниот балансер не ја одразува реалната слика на населението и дека тој веќе ја загрозува ефикасноста на институциите.

   

Мојсоска, исто така, нагласи дека никој нема слух ниту за забелешките на Венецијанската Комисија во однос на двојазичноста, а која ја надминува и Рамковната конвенција за малцинствата. Оваа нова народна избраничка го повтори ставот дека Левица нема да биде дел од Влада која ќе изврши промена на Уставот. Според неа, токму Левица ќе се наметне како фактор за поставување црвени линии во одбрана на македонските интереси.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING