Почетна Убавина и здравје Јелена Карлеуша призна дека по 5-годишната брачна агонија, се појавил ТОЈ!

Јелена Карлеуша призна дека по 5-годишната брачна агонија, се појавил ТОЈ!

од nenad
2 минути читај за

Новото момче на Јелена Карлеуша е реалност.

Верувале или не, и покрај тоа што Јелена Карлеуша никогаш не зборува за него, новото момче на популарната пејачка сепак постои.

Земајќи предвид дека разводот меѓу неа и Душко Тошиќ конечно е покренат, време е да паднат маските…

Пејачката жестоко се бореше да ги спаси семејството и домот, но ја немаше поддршката од се’ уште легалниот сопруг, па разводот беше неизбежен.

Претходните години имаше многу тешки моменти, семејно насилство и многу работи кои Јелена успеа да ги сокрие од медиумите и јавноста, па дури сега проговори за се’. Таа не сакаше да открие кој е нејзиниот нов партнер, како изгледа и други детали, бидејќи овој пат својата љубов љубоморно ја чува меѓу своите четири ѕида.

Можам да кажам дека имам некого. Но се’ во свое време… Јас и Душко долго време не сме во однос маж-жена, повеќе од пет години, и би било нереално никој да не ми се додворува, никој да не ми се допаѓа и никој да ме гушнал и бакнал. Не велам дека сум заљубена, но задоволна сум. Не сум некој што блеска поради некој друг, блескам најмногу кога сум задоволна со себе. Тоа е најдоброто решение за сите женски проблеми, блескајте, драги дами, заради себе, не заради вашиот партнер, бидејќи вие сте единствената константа, порачува Јелена Карлеуша.


Поврзани објави

И покрај тоа, сега ѝ е многу тешко да замисли дека повторно ќе стапне на „лудиот камен“, но како што и самата посочува, се’ е можно и не сака ништо да исклучи:

Морам да ви кажам една тајна, поточно не е тајна, туку вистина, а тоа е дека секој маж со кого сум била ме запросил. Едно време ги собирав свршеничките прстени, ги имам некаде во кутија, сите ги чувам.

Фото: Инстаграм

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING