Јелена Карлеуша и Богољуб Кариќ се сретнаа по 20 години.
Јелена Карлеуша настапи во Црна Гора и одржа концерт за кој долго ќе се зборува. Бројни ТВ-екипи ја следеа поп-дивата, како на концертот, така и во хотелот, а ТВ Прва имаше можност да сними сосема случајна средба токму во хотелот.
Имено, Јелена Карлеуша и Богољуб Кариќ по 20 години заладени односи се сретнаа додека пејачката даваше интервју.
Чичкото на поранешниот сопруг на Јелена Бојан Кариќ, ѝ пријде на Карлеуша, ѝ ја подаде раката и срдечно ја поздрави, а таа му возврати на истиот начин.
Ова беше сосема неочекувано, со оглед на тоа што Јелена еднаш зборуваше многу остро за Богољуб, кој наводно бил против бракот со Бојан и кого го обвини за разводот. Сепак, зборовите на Богољуб по средбата со ЈК сведочат дека и двете страни заборавиле се’ лошо.
Средбата беше прекрасна! Како може да биде со нашата Мадона. Таа е она што отсекогаш била. Навистина ми беше мило што ја видов – изјави Богољуб, а потоа откри уште неколку детали од средбата.
Бев на ручек со гостите во хотелот и кога се поздравив со нив видов дека Јелена дава интервју за медиумите. Можам да ви кажам дека е голема радост за Црна Гора што дојде. Јас поминав, застанав зад камерата и ѝ испратив бакнеж. Новинарот го виде тоа и спонтано ми рече да застанам и да разговараме. Така се случи средбата. Па, ниту еден врвен филмски режисер не можеше да го смисли ова. По разговорот следеше се’ вообичаено, вклучувајќи и бакнеж и прегратка.
Поврзани објави
Богољуб јасно проговори за обвинувањата на Јелена дека тој придонел за нејзиниот развод со Бојан.
Знаеш како, јас сум човек кој кога ќе се разбуди и ќе види небо полно со облаци, само сее љубов, среќа и сонце и облаците се растураат. Јас, со мојата енергија, која е како онаа на Тесла, само се насмевнувам и целиот мој живот е посветен на позитивните мисли и градам мостови за да ги смирувам луѓето и да склучувам бракови. Имам 1.200 бракови што ги направив, а брат ми има 7.300 бракови, што е за Гинисовата книга. Тоа го понесовме од дома, од татко Јаниќ и мајка Даница. Пеевме во црковниот хор секоја сабота и недела, а она што го носите од дома ја исполнува душата на секој од нас.
Јелена е член на нашето семејство и не дај Боже да ѝ треба нешто, ние сме секогаш тука. Ние сме нејзиниот дом и нејзината куќа. Таа е секогаш добредојдена. Нема ни да зборувам за нејзината прекрасна мајка Дивна. Разводите меѓу младите често се непромислени и со малку трпение и верба, треба да одите во црква секоја недела и да бидете што е можно потолерантни. Бидејќи нема брак без предизвици, не го користам зборот проблем, туку сите предизвици треба да се надминат со големо трпение и најголема толеранција – смета Богољуб Кариќ.
Фото: Printscreen Youtube