Џејми Ли Кертис воодушевила во комбинација идеална за жени над 50 години
Џејми Ли Кертис, една од најистакнатите актерки од својата генерација, не само што воодушевува со својот актерски талент, туку воодушевува и со своите модни избори, кои им служат како инспирација на жените ширум светот. На неодамнешниот настан, Кертис покажала како може совршено да се искомбинираат едноставноста и префинетоста, особено кога станува збор за жени повозрасни од 50 години.
Таа носела беспрекорен бел костим, кој е идеален за сите пригоди – од деловни состаноци до свечени настани. Белото сако, кое е совршено скроено и ѝ ја нагласува половината, го искомбинирала со широки панталони, кои даваат издолжен и елегантен изглед.
Овој монохроматски ансамбл не само што е модерен туку и исклучително им прилега на жените во позрели години, бидејќи белата боја одразува чистота, свежина и безвременска елеганција.
Поврзани објави
Изборот на црна маичка под сакото создава контраст и му дава длабочина на целиот изглед, додека црните салонки си шпицести врвови ја даваат завршната доза на елеганција. Ваквиот избор на обувки визуелно ја издолжува ставата, а истовремено остава софистициран печат.
Џејми дополнително ја истакнала својата уникатност со кратката седа фризура, која стана нејзин заштитен знак, додека едноставните црни очила за сонце го заокружиле овој минималистички, но впечатлив изглед.
Ова е совршената комбинација за жени повозрасни од 50 години, бидејќи ги нагласува самодовербата и грациозноста. Белата боја е симбол на елеганција и чистота, додека црните детали даваат префинетост и сериозност. Ваквиот изглед не само што е модерен туку е и практичен – може да се носи во разни пригоди, а со минимални промени во модните додатоци, лесно може да прејде од дневен во вечерен изглед.
Џејми Ли Кертис уште еднаш покажала дека модата не познава години и дека возможно е да се изгледа беспрекорно во секоја доба од животот.
ФОТО: Инстаграм @jamieleecurtis/ @vanityfair