Една 20-годишна девојка од Турција предизвика жестока дебата на Интернет откако се омажи со мажот кој ја изобличил и за малку ќе ја ослепел со киселина по раскинувањето.
Берфин Озек се омажи со дваесет и тригодишниот Касим Озан Селтик, истиот човек кој ѝ фрли киселина во лицето пред две години, откако раскинаа.
Двајцата се забавувале извесно време, но по жестока расправија раскинале, а Касим наводно одлучил ако не може тој да ја има, никој друг маж да ја нема, па ја нападнал со киселина.
Супстанцата ја оставила кутрата жена изобличена, речиси целосно слепа на едното око.
Откако го преживеала кукавичкиот напад на Касим, дваесетгодишната девојка го пријавила во полиција и тој бил уапсен. Меѓутоа, набрзо почнал да ја бомбардира со пораки, барајќи прошка и признавајќи ја љубовта кон неа.
Она што ги изненади сите е фактот што Берфин всушност попуштила пред неговите молби и во еден момент одлучила да ја повлече тужбата.
Не ми беше удобно да биде таму меѓу четири ѕида. Пишувавме многу писма еден на друг. Му простив. Многу го сакам, тој многу ме сака – напиша таа на социјалните мрежи.
Одлуката на Берфин Озек да ја повлече жалбата, која во суштина му овозможи на нејзиното поранешно момче да избегне казна за своето дело, наиде на многу критики во јавноста, а таа на крајот напиша дека сфатила дека направила грешка и побарала од својот адвокат да се активира тужбата.
Поврзани објави
Судот во турската провинција Хатај го осуди Касим Озан Челтик на 13 и пол години затвор. Двајцата, сепак, останале во контакт, а по промената на турскиот закон предизвикана од пандемијата, Селтик беше ослободен на условна казна откако отслужи помалку од две години затвор.
Тој ја запроси Берфин веднаш штом излезе, а таа прифати да се омажи со него. Набрзо закажале датум и се венчале.
Се омажи без наше знаење. Со години се борев за неа, а сега се’ е залудно – им изјавил нејзиниот татко Јашар Озек на турските новинари.
По негодувањето во јавноста поради ослободувањето на Касим од затворот, адвокатот Рамазан Ердоган појасни дека тој технички е само на одмор и допрва треба да го одлежи остатокот од казната во затвор од отворен тип.
Имајќи го предвид периодот на престојот во затвор, тој имаше право да оди во отворен затвор откако го одлежа времето што требаше да го помине во затворен затвор – рече Ердоган.
Сепак, поради пандемијата, осудените лица се ослободуваат од отворениот затвор до 31 мај 2022 година. Ослободувањето на обвинетиот нема никаква врска со неговиот брак со Берфина. Одлуката е конечна. Да не беше пандемијата, тој ќе продолжише да ја отслужува казната во затвор од отворен тип.
Одлуката на Берфин да се омажи со човекот кој ѝ предизвикал толку многу физички и емоционални болки ја остави целата нејзина земја во шок, а неколкумина го изразија своето разочарување од неа, па дури ѝ предвидоа краток и несреќен брак.
Нејзиното простување не требаше да го спречи да биде казнет. Срамота, се надевам дека грешам, но овој брак ќе заврши за месец-два, а кутрата ќе остане со сите работи низ кои поминала поради него – е само еден од коментарите.
Фото: Фејсбук