Наставните програми може да ни ги направат и најголемите експерти, но ако нема кој да ги спроведе, ништо нема да добиеме. Нам наставниците ни се важни и сите промени ќе ги правиме преку заедничка соработка. Истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска во емисијата Вин Вин на ТВ Телма. „Ако нешто се обидете да им наметнете на наставниците, тоа не може да даде плод во образованието.
Тие мора да имаат мотив и да се најде начин кој најмногу им одговара за да ги пренесуваат знаењата кон учениците“, рече Јаневска, додавајќи дека подолгиот престој во училиштето е од корист за сите во образовниот процес вклучително и за наставниот кадар и дека ќе даде добри резуџлтати. Министерката најави дека ќе продолжат обуките на наставниците, но и дека од следната година тие ќе добијат поголемо процентуално покачување на платите. Овој месец пак, добија усогласување согласно општиот колективен договор.