Почетна Технологија ЈАКИМОВСКИ: Жал ми е што морам да констатирам дека во овие 100 дена ВМРО ДПМНЕ се однесува како грогиран боксер

ЈАКИМОВСКИ: Жал ми е што морам да констатирам дека во овие 100 дена ВМРО ДПМНЕ се однесува како грогиран боксер

од nenad
2 минути читај за




Дупло голо
Наместо ќар испаднаа зијан, по рејтингот се разбира!
Ова го мислам на власта, а преку нив зијанот е и народен.
Кој Цацко ги натера да прават туризам во Бугарија, зарем не знаат со кого си имаат работа?
На Бугарите им се намести пенал и да им вратат во нивни стил за целата реторика што ја имаше ВМРО ДПМНЕ додека беа опозиција, а и за време на изборната кампања.

Има ли поголемо понижување да отидеш во посета како Претседател со претставници на Владата и да не го истакнат твоето државно знаме?Жал ми е што морам да констатирам дека во овие 100 дена ВМРО ДПМНЕ се однесува како грогиран боксер.Кога видоа дека го нема знамето и дека е направен гаф без преседан барем требаше да дадат некоја изјава со која ќе ги разгореа нивните страсти и наместо нашата во наредниве 20 дена да се занимава нивната јавност.

Преседател, Министер за надворешни и Министер за култура сите од истиот хор кој се викаше „РЕ-РЕ-РЕ-ПРЕГОВАРАЊЕ“, овој колосален изум не смееа ни да го изустат во Софија. Нормално тој не се употребува кај бугарската интелегенција, тој беше забава само за наши простаци.
Да резимираме: Знамето не ни го истакнаа, репреговарање не ни помислија да кажат ама затоа во целост ја разбараа операта! Еве како за ништо се фрлени народни пари!
Отидоа на баци рака и тоа со пеење-оперско, а се вратија со прстот во уста!
Ова се нашите новопечени северџани!



Може да ве интересира и...

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING