Почетна Убавина и здравје „Ѕвездите на гранџот“ доаѓаат во Скопје

„Ѕвездите на гранџот“ доаѓаат во Скопје

од nenad
1 минути читај за

Епидемик е создаден во 2017 година како кавер бенд посветен на оживување на класичните гранџ и алт рок хитови и од тогаш свират по клубовите низ регионот.

Нивните изведби не се само музички искуства за љубителите на овој звук, туку и еден вид временска машина, која ве враќа во периодот кога гитарските рифови и искрените текстови беа во срцето на рок сцената.

„Ѕвездите на гранџот“ е настан на кој ги изведуваат песните на најголемите бендови од овој и слични жанрови. Од Nirvana, Alice in Chains, Pearl Jam и Soundgarden, Temple of the Dog, па сè до RATM, Audioslave и Foo Fighters – вашите омилени бендови во енергетски настапи во живо!

Клуб Маракана Скопје, петок, 27 декември! Обезбедете билет навреме!

Билети може да купите на следниот линк —> https://drugastrana.mk/event/dzvezdite-na-grandjot/

Цената за првите 100 билети ќе чини 450 мкд. После прожабата на 100 билети цената ќе биде 500 мкд, а последниот ден и на врата 600 мкд.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING