Почетна Економија Ѓорѓи Спасов: Толкувањата на Ахмети

Ѓорѓи Спасов: Толкувањата на Ахмети

од nenad
2 минути читај за




Во ДИК се обединиле СДСМ и ВМРО ДПМНЕ против ДУИ вели Ахмети. Изгледа не го информирале дека таму сите се обединиле против ДУИ. Но, тоа е болна вистина со која ако се соочи ќе треба да одговори зошто се случило тоа. Нему му одговара сепак, тоа да го прикаже како заговор на Македонците против Албанците бидејќи и за него, веројатно освен оние што гласале за ДУИ, други Албанци во земјава не постојат.

   

Затоа одлуката на Управниот суд и на ДИК треба да се прикаже како “таен договор” на Македонците против ДУИ со кој треба да се предизвика судир меѓу Албанците на избирачките места кај што ќе се прегласува. А тоа што го правеле со заеднички сили ВМРО и СДСМ ќе влијаело лошо врз меѓуетничките односи. Ако продолжи со таа реторика за некакви тајни договори на Македонците против Албанците, да плаче врз “неправдата што им се прави на Албанците заради тоа што ДУИ нема да биде дел од власта и дека наводно се поништува избирачката волја на Албанците, тој вистина ќе предизвикува и поттикнува влошување на меѓуетничките односи.

И време е некој од Калето и од канцеларијата на ЕУ тоа да му го соопшти. Тој мора да сфати дека изборите се губат и се добиваат. И само мирната промена на власта може да се смета за демократска и европска вредност.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING