27
Не постои нерешлив проблем!
Со добра волја и на заедничка маса, да дојдеме до заедничко и прифатливо решение за сите – беше нотирано денес на средбата во просториите на ЗЕЛС, која ја одржавме заедно со министерот Цветан Трипуновски и колегата Костадин Костадинов од Струмица.
Со разговор секогаш се доаѓа до целта, па така и оваа плодна средба ќе вроди со плод, бидејќи веќе ги зацртавме правците на траекторијата за трајно решавање на проблемите на граѓаните од Струмица.
Како што истакнав на моите претходни излагања, кај мене не постои поделба по ниту една основа и ќе бидам медијатор во решавање на сите процеси.
Политика мора да стои настрана, граѓаните се приоритет!
На состанокот ги договоривме следните точки:
Ќе се формира комисија од повеќе научни институции за следење на фактичка состојба на браната Турија и причините за неодамнешното појавување на манган во водата;
Долгот кој што го има општина Струмица кон АД ,,Водостопанство” ќе биде сервисиран согласно утврдена динамика, а АД ,,Водостопанство” ќе ги извршува сервисирањата и услугите од својата надлежност.
Дискутиравме и за квалитетот на водата која што во моментов според надлежните институции е исправна за пиење.
Драго ми е и што колегата Костадинов го промени својот став и #ЗЕЛС останува обединет.
Од сега па натаму, додека јас сум претседател проблемите ќе се решаваат исклучиво на маса, а комуникацијата помеѓу институциите ќе биде на највисоко ниво!