Почетна Технологија Ѓорѓиевски: Излет на Пеленица со моите најдобри другарчиња, дечињата со церебрална парализа

Ѓорѓиевски: Излет на Пеленица со моите најдобри другарчиња, дечињата со церебрална парализа

од nenad
5 минути читај за

      

   

На мое големо задoволство, заедно со Борко Ристовски денеска повторно се дружевме со децата со церебрална парализа, на нашиот веќе традиционален излет во Пеленица. Овие дружби се значајни за сите нас, бидејќи се прекрасна можност за сите нас да се поврземе, да се поддржиме и да создадеме моменти на радост и заедништво. Како човек и како градоначалник секогаш се залагам за подигнување на јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа. Мојата заложба е да работиме сите заедно кон подобрување на нивните права и можности за што понезависен, посамостоен и целосно интегриран живот во нашето општество.

 

Една од моите бројни активности во оваа сфера е отворањето на клубот за лицата со церебрална парализа во Расадник, кој го финансирам лично заедно со лицата од мојот кабинет. Овој клуб е место каде децата се дружат и социјализираат, каде создаваат нови пријателства и уживаат во различни активности. Често сум гостин во клубот и можам да видам колку е значајно за нив да имаат вакво место каде се чувствуваат прифатено и поддржано. Лицата со церебрална парализа не смеат да бидат маргинализирани. Тие се дел од нашата заедница и заслужуваат поддршка и разбирање. Со ваквите дружења и настани, се надевам дека им го разубавуваме секојдневието и им покажуваме дека не се сами во своите предизвици.-градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

   

     

    

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING