Интересна панел-дискусија за крај на осмата регионална конференција за жени ПРОФЕМИНА 2024.
Дали мажите ги интересира што сакаат жените? Дали мажите засекогаш остануваат посилниот пол или полека се менува прототипот на балканскиот маж? Дали доаѓа некоја нова верзија на посуптилен и поприспособлив маж, кој почесто ќе влегува на женскиот терен и ќе учествува во приказните за модата, убавината и здравиот начин на живот? Дали ќе ни се допадне новата верзија?
Токму овие прашањата се најдоа на последниот, но и најинтригантниот панел на годинешната регионална конференција за жени „Профемина“ на тема: Што сакаат жените – одговори даваат мажите!
Модераторката Татјана Пуленџовска на почетокот од дискусијата на господата им го постави вечното прашање: Што сакаат жените, а тие споделија скокотливи одговори.
Во Америка и во Африка до скоро имаше матријахат, а во Азија и во Европа не, односно тоа се случувало многу одамна. Во зависност каде одиш во светот такви се барањата на жените. Она што им е заедничко на сите жени ширум светот е што размислуваат за се и сешто за разлика од мажите. Жените за да имаат секс со маж бараат добра причина, а мажите само место (се смее). Во однос на изборот на партнерка пак морам да кажам дека ми е важно да е во форма, односно да вежба и да е со мускулна маса. Телото е единственото кое е лично наше, во него треба да уживаме. Мораме да се грижиме за телото“, вели Владимир Четкар, музичар
Кој прв тргнува да се разведува, мажот или жената?
Сум имал над 300 бракоразводни парници и не можам да поделам кој е иницијатор, дали мажот или жената, но сигурно е дека причините се две: семeјно насилство или неверство. Но во најголем дел се работи за семејно насилство кое е потикнато поради физички конфликт односно силата на мажот, додека за психичкото насилство нема поделба. За жал, повеќе од половина од мажите по разводот ги фаќа втор пубертет, па ги запоставуваат децата, но не се исклучени ваквите примери и кај жените, особено при неверство. Најважно е и по разводот родителите да се тука за детето, а не да се препукуваат преку него“, вели Јанаки Митровски, адвокат
Што никогаш не би простиле жените?
Лично мојата сопруга Ивана не би простила неверство, неучество во животот на ќерката и се она што се основни постулати на една брачна заедница“, истакан Жарко Димитриоски, ТВ водител
Поврзани објави
Дали годините играат улога при изборот на партнерка, односн дали би прифатил да е повисока од тебе?
Па зависи. Сум имал девојки кои биле 10 и 8 години помали од мене, но за повозрасни не. Морам да кажам дека кога сме кај физичкиот изглед сум бил и со повисока од мене, но тоа не беше врска“, вели Стефан Спирковски, инфлуенсер
На што „паѓа“ Четкар, што е пресудно да те задржи една жена?
Постојано сум во авантури, па сакам и девојката да го има тој дух. Сакам да има свое јас, да научам нешто и јас од неа, но тоа да не биде инаетчика. Во секој случај многу е важно партнерката да ти биде пред се пријател. Сакам интелигентни девојки, оние кои се спортски активни за да најдеме некои заеднички точки“, посочува Владимир Четкар, музичар
Дали кога бираш девојка гледаш да личи на мајака ти?
Мајка ми е човек кој е многу грижлив, по неколку пати ќе ми се јави да праша каде сум. Истото го прави и со сестра ми. Па би рекол дека тоа е една од појдовните точки по кои се водам, врз основа на тоа што го земам како критериум од мајака ми“, вели Стефан Спирковски, инфлуенсер
Дали бракот ги менува мажите, односно жените?
Ние сите имаме улоги во животот. Мажот зорева со татко и во што се друго сака, како што жената станува мајка, па и се друго што сака. Најважно е секој, а особено жените да си го задржат за себе тоа свое јас. Голема грешка е со влегувањето во брак некој да се преобличи за другиот. Можеби треба прилагодување, но целосно менување секако дека не. Нема простор за бела/црна лага. Сакам отвореност и искреност, од фетиши до се друго. Ако си од“ – вели Жарко Димитриоски, ТВ водител
Што не би простил?
Дефинитивно не би простил неверство, се друго може ќе најдеме компромис. Но неверство апсолутно не“, вели Стефан Спирковски, инфлуенсер
Заклучокот од оваа панел дискусија се дека придонес во еден брак не се само парите, туку и времето и емоциите посветени меѓу партнерите. Исто така, панелистите заклучија дека потребна е отворена и голема комуникација меѓу мажот и жената, но пред се мора секој од нив сам да се познава многу добро себе си. Кога секој ќе си се пронајде и ќе ги спои енергиите со другиот тогаш се создава здрава и хармонична брачна заедница.