Познато е дека Новак и Јелена Ѓоковиќ се грижат за исхраната, а сопругата на славниот тенисер често споделува совети за здрав начин на живот, предлага вегански алтернативи и во своите објави вклучува здрави рецепти.
Како што и самата признава, на Јелена Ѓоковиќ ѝ е многу важно намирниците што ги консумира да имаат хранлива вредност, да бидат квалитетни, но и вкусни.
Сопругата на Новак Ѓоковиќ еднаш изјави дека само еднаш во животот пробала кафе, но тоа не ѝ се допаднало.
Пробав кафе, не ми се допадна. Всушност, повраќав цела ноќ потоа. Пробав и цигара, па цела ноќ повраќав. Пробав и алкохол, повраќав три дена и ослабев четири килограми за тоа време. Се обидов неколку пати – изјави Јелена и откри зошто не користи кофеин во ниедна форма. Ниту во зелениот чај.
Можеби кафето не е порок за повеќето луѓе, но за мене порок е сè што може да предизвика зависност кај мене од која не би можел да се ослободам. Никогаш не ми се допадна помислата да ја изгубам контролата над моето тело – изјавила Јелена.
Поврзани објави
Бидејќи не користам кофеин, тогаш која е алтернативата за да се опуштам, да го задржам фокусот и да останам будна? Истражував малку и добив многу добри идеи и предлози. Најдов цел да го променам начинот на кој размислувам за храната, вежбањето, здравјето воопшто. Сè имаше повеќе смисла кога вложив повеќе време за подобро да го разберам – рече таа и откри дека наместо кафе пие чај од куркума.
Доколку сакате да го забрзате метаболизмот и да го подобрите варењето и да го забрзате слабеењето, тоа можете да го постигнете со пиење чај од куркума 5 дена. Приготвувањето на оваа напивка е многу едноставно.
Потребни ви се само ¾ лажичка куркума, 2 големи лажици домашен мед и 3 чаши вода. Растворете ја куркумата во водата и варете додека водата се намали на количество доволно за 2 чаши. Потоа процедете ја течноста, додајте мед и по желба малку млеко и напивката е готова.
Фото: Инстаграм (@jelenadjokovicndf)