Почетна Економија Штетите од град на земјоделските површини повторно го отворија прашањето до каде е новиот ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Штетите од град на земјоделските површини повторно го отворија прашањето до каде е новиот ЗАКОН ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ОСИГУРУВАЊЕ

од nenad
3 минути читај за

Деновиве повторно сме сведоци на штети на земјоделски култури предизвикани од врнежи од град. Земјоделците јавуваат за уништени посеви со жито, градинарски култури, бостан и други производства на отворено за кои бараат помош од државата.

   

Во Полошкиот регион насадите со домати, зелка, краставици, пченка и житарки се речиси 100% уништени. Земјоделците велат дека доколку општината или Владата не ги обесштети, нема да можат да садат следната година, а тоа според нив ќе предизвика недостиг на производи на пазарот.

-Јас изгубив секаква надеж за доматите, камерата подобро покажува дека тие се 100% изгубени и немаме начин да ги покриеме овие трошоци бидејќи прво семето, вештачкото ѓубриво, многу се скапи. Инвестицијата е некаде околу 20 илјади евра, а каде е нафтата, ѓубривото, работниците -вели Исмаил Беќири.

Ваков е случајот и во другите региони каде градот направи огромни штети, а земјоделците бараат помош од државата.

И повторно се отвора прашањето за земјоделско осигурување и потребата од едно системско решение што го овозможува најавениот Закон за земјоделско осигурување.

Според последните сознанија Владата на РСМ изготви закон за задолжително осигурување во земјоделството, со цел воспоставување на систем на осигурување, кој ќе обезбеди ефикасен, брз и економичен пристап на заштита на лицата кои се занимаваат со земјоделство од ризиците предизвикани од временски непогоди и други настани, ефикасна исплата на штетите и заштита на Буџетот на РСМ преку правична и навремена исплата на надоместоци по премија. Всушност, согласно законот се основа Земјоделски осигурителен пул за задолжително осигурување во земјоделството заради вршење на дејноста на задолжително осигурување во земјоделството.

Законот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е изготвен заедно со Mинистерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување со што се постави едно системско решение на проблем кој 32 години се провлекува без конкретен институционален одговор.

Вакви пулови има веќе воспоставено во Шпанија, Израел, Турција и во САД. Со овој пул се очекува дека ќе се воведе решение кое ќе има за задача да ги осигура земјоделците дека во случај на неприлика, нивниот труд ќе биде платен како што треба. Од друга страна овој закон ќе ги намали цените на осигурителните полиси, ќе го доближи секторот осигурување до вистинските земјоделци, и ќе гарантира правичен систем за проценка и исплата на штети како што тоа е пракса во секоја земја на ЕУ.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING