Почетна Економија Шпигел: Германија инсталирала системи за ракетна одбрана на три авиони „А350“ на високи државни функционери

Шпигел: Германија инсталирала системи за ракетна одбрана на три авиони „А350“ на високи државни функционери

од nenad
1 минути читај за

Германија ќе инсталира ракетни одбранбени системи на три нови владини авиони што ги користат високи владини претставници, објави денеска Шпигел.

Германското Министерство за одбрана се очекува да го достави соодветниот договор до парламентарната комисија за буџет на одобрување до крајот на годината, се вели во извештајот.

Како што се наведува, трите авиони А350, кои главно ги користат претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, канцеларот Олаф Шолц и министерката за надворешни работи Аналена Бербок, ќе бидат опремени со инфрацрвен систем на трупот, кој може да користи ласерски импулси за да ја оневозможи ракетата што доаѓа.

Високотехнолошкиот систем кој ќе биде инсталиран во А350 го разви израелската компанија Елбит во соработка со германскиот добавувач на делови за авиони „Diehl“, а многу воени транспортни авиони се веќе опремени на овој начин.

Инсталирањето ќе се одвива етапно, така што дел од авионите ќе бидат достапни постојано, пишува Шпигел. паг/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING