Почетна Македонија Шок во Демократската партија – по катастрофалната ТВ дебата го заменуваат Бајден со нов кандидат?!

Шок во Демократската партија – по катастрофалната ТВ дебата го заменуваат Бајден со нов кандидат?!

од nenad
2 минути читај за




„По катастрофалниот настап во дебатата против Доналд Трамп, демократите разговараа за замена на Бајден во трката“, пишува угледниот британски весник Телеграф.
Како што наведуваат, за време на 90-минутниот дуел, Бајден ги губел мислите и на моменти изгледал целосно збунет.И Њујорк Тајмс известува дека група демократски конгресмени сега размислуваат за нов претседателски кандидат откако виделе каква „катастрофа се одвива пред нивните очи“.

   

Дејвид Акселрод, поранешен висок советник на Барак Обама, им рече на новинарите дека ќе има дебата во Демократската партија за тоа дали Бајден треба да се повлече.
Џон Кинг, главниот дописник на Си-Ен-Ен, тврди дека по завршувањето на дебатата избувнала „длабока и агресивна паника“ во Демократската партија, пренесува Newseek.
„Беа ангажирани партиски стратези, избрани функционери и се почна веднаш по завршувањето на расправата.Никол Валас, дописничка на МСНБЦ од Белата куќа, изјави за МСНБЦ дека дебатата за процесот на замена на претседателскиот кандидат е „жива и активна на највисоките нивоа на Демократската партија“.Да кажеме и дека во моментов нема очигледен кандидат бидејќи до изборите се само неколку месеци.Досега во контекст на смената на Џо Бајден се споменуваше само гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING