Почетна Економија Шмигал: Украинската влада одвои уште 392 милиони долари за набавка на дронови за армијата

Шмигал: Украинската влада одвои уште 392 милиони долари за набавка на дронови за армијата

од nenad
1 минути читај за

Украинската влада одвои уште 15,5 милијарди гривни (392 милиони долари) за купување дронови за армијата, соопшти денеска украинскиот премиер Денис Шмигал на каналот  Телеграм.

„Ова е дополнителен ресурс на буџетот од 43,3 милијарди гривни (околу 1,1 милијардa долари ), што веќе беше доделен за набавка на беспилотни летала во текот на оваа година.

Средствата ќе и бидат доделени на Државната управа за посебни комуникации, која е надлежна за соодветните јавни набавки.

Со денеска доделените средства, нашите безбедносни и одбранбени сили ќе добијат 300. 000 беспилотни летала “, се наведува во објавата на украинскиот премиер. сд/фото:МИА архива .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING