Почетна Технологија Шкариќ: Не е важно што пишува во Изборниот законик, треба да се почитува Уставот!

Шкариќ: Не е важно што пишува во Изборниот законик, треба да се почитува Уставот!

од nenad
3 минути читај за

Во Уставот „зборовите Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со „Северна Македонија“, освен во членот 36. Од тогаш до сега, за овие 5 години, Изборниот законик е менуван неколку пати, но не и овој член.

   

– Од денот на влегувањето во сила на амандманот XXXIII, употребата на придавката во однос на државата, државните органи и јавни институции и во однос на употреби согласно Конечната спогодба е во согласност со името на државата или со нејзинотот скратено име и гласи „на Република Северна Македонија“ или „ на Северна Македонија“.Целиот документ можете да го видите на овој линк: odluka_za_proglasuvanje_novi_amandmani

Исто така донесен е и Уставен закон за спроведување на 4-те амандмани, кој предвидува дека „одредбите од амандман 33 во прописите и другите акти на државните органи се применуваат од денот на влегување во сила на овој закон“. Со измени на уставниот законик се определува дека новото име важи во сите домашни прописи без да мора да се менуваат сите закони еден по еден.

Меѓународната заедница очекува Северна Македонија да ги почитува билатералните договори, пред се Европската Унија и САД Грција, која е земја потписничка на Преспанскиот договор, до овој момент не се дојдени до точка да стават вето, но дека почитувањето на Преспанскиот договор е неопходен предуслов за ЕУ перспективата на Северна Македонија.Од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, пак, вчера информираа дека таа ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, но дека во своите јавни настапи има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација.

– Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име. Македонските институции во последниве пет години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, велат од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја окарактеризира одлуката на Сиљановска-Давкова како недозволива и провокативна и ја повика „да се врати на законските должности и на однесувањата кои произлегуваат од нејзината улога“. Во објава на Фејсбук, Мицотакис порача дека „секој чекор на Скопје кон Европа“, меѓу другото, зависи и од употребата на уставното име.Од германското Министерство за надворешни работи вчера порачаа дека Северна Македонија има обврска да го почитува Преспанскиот договор. Владата во Берлин, како што пренесе Дојче веле, сака да ја продолжи соработката со новата влада во Скопје, и смета дека е важно земјата да го продолжи патот кон ЕУ и да ги спроведе неопходните реформи на тој пат.

Од македонското Министерство за надворешни работи апелираат сите политички чинители, особено избраните државни функционери, да бидат внимателни кон меѓународно признаните договори.За важноста на Преспанскиот договор и за соработката меѓу двете држави телефонски разговарале и поранешните премиери на Северна Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.Ципрас и Заев разговарале за политичкиот случувања кај нас, а освен важноста на Договорот од Преспа, според информациите на МИА од Атина, посочиле и „колку е лицемерен и опасен националистичкиот популизам што се разви и на двете страни“.Паралелно се договориле во следниот период да преземат заеднички иницијативи за поддршка и имплементација на Договорот од Преспа, за унапредување на односите меѓу народите на Грција и Северна Македонија и за мирот и стабилноста во поширокиот регион.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING