Почетна Економија Шест пожари на отворено низ државава изминатите 24 часа

Шест пожари на отворено низ државава изминатите 24 часа

од nenad
1 минути читај за




Шест пожари на отворено се регистрирани низ државава изминатото деноноќие, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во општина Ѓорче Петров гореле ниска вегетација и депонија. Ниска вегетација горела и во село Миладиновци, општина Илинден, потоа во регионот на прилепските нови гробишта, како и на територија на кавадаречката населба Глишиќ.

   

Останатите два се евидентирани на гевгелиска територија. Дива депонија горела во регионот на индустриската зона „Блок техно“, а пожар зафатил и деградирана ниско стеблеста шума на „Мрзненски рид“. Сите шест пожари се изгаснати



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING