Почетна Македонија Шеснаесет загинати во израелски напад врз училиште во Нусејрат

Шеснаесет загинати во израелски напад врз училиште во Нусејрат

од nenad
1 минути читај за




Во израелски напад врз училиштето Јауни во бегалскиот камп Ал-Нусеират во централниот дел на Појасот Газа денеска загинаа 16 Палестинци, соопшти канцеларијата за медиуми на Хамас. Во соопштението се наведува дека повеќе од 16 лица загинале, а 75 се повредени во нападот врз училиштето управувано од УНРВА во бегалскиот камп Нусејрат, во кое се сместени приближно 7.000 лица, објави Ал Џезира. Од почетокот на војната, Израел бомбардирал повеќе од 17 училишта и центри за раселување и засолништа во бегалскиот камп Нусејрат, се наведува во соопштението.

   

Канцеларијата за медиуми во Газа додава дека во Појасот функционираат само две болници и дека тие не се во можност да даваат здравствени и медицински услуги поради пренатрупаноста и зголемувањето на заразните болести. Бројот на убиени Палестинци во Појасот Газа по израелската војна во енклавата се искачи на 38.098, од кои повеќето деца и жени.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING