Дали би дале 500 евра за стан од девет квадрата?
Животот во Хонг Конг е исклучително скап. Овој посебен административен регион во Кина веќе трета година по ред важи за најскапото место за живот, според истражувањата на финансиската консултантска фирма „Мерсер“.
Целиот Хонг Конг е исполнет со високи облакодери и згради што нудат станови за сечиј вкус и буџет. Најевтино е да се изнајми еднособен стан, кој во просек се изнајмува по цена од 1300 до 2300 евра.
Во квартот Квери Беј се наоѓа необична зграда со дистописки изглед, која се вика „Чудовиште“, а нуди поевтино сместување.
Поволно сместување во најскапиот град на светот
„Чудовиштето“, всушност, не е една, туку пет монументални и меѓусебно поврзани згради кои претставуваат комплекс со 2243 стана, во кои живеат околу 10 илјади жители.
Поврзани објави
Ја изградила владата во 1960-тите години по рапидното зголемување на бројот на жители, со цел да им понуди живеалиште на луѓето со пониски примања.
Јутјуберката Ешли Ким покажала како изгледа животот во „Чудовиштето“. Минатата година живеела во стан од 9 квадрати и, како што вели, не било толку лошо колку што се чини на прв поглед.
Нејзиниот стан од 9 метри квадратни имал една соба, која била поделена на дел за спиење, дел за работа, кујна и шпајз. Становите во „Чудовиштето“ се изнајмуваат по цена од 465 до 800 евра.
Во видеото во продолжение погледнете што можете да добиете за тие пари во Хонг Конг.
ФОТО: Принтскрин @Ashely Kim/YouTube