Драгана Мирковиќ пред народот беше крунисана за кралица на народната музика…
Фолклорните друштва ширум светот се едни од најважните чувари на традициите на земјите од кои потекнуваат, а еден од најголемите собири годинава го имаа во Рибарска бања, каде на специјалната гостинка Драгана Мирковиќ и беше врачена круна, прогласувајќи ја за кралица на народната музика.
До оваа одлука едногласно дојдоа здруженија од шест балкански земји, а Драгана беше видно трогната од изненадувањето што и го приредија.
По завршувањето на официјалната церемонија следеше спектакуларен концерт кој ги крена на нозе сите присутни. Манифестацијата имаше и хуманитарен карактер, што се вклопи и во овогодинешната комплетна турнеја на фолк ѕвездата наречена „До последен здив“.
Поврзани објави
Ова крунисување, инаку, уследи само неколку дена откако обожавател и подари круна на сцената за време на концерт, но овој пат, секако, доби институционално значење, бидејќи одлуката ја носеа чуварите на традицијата од целиот регион.
Фото: Instagram