Почетна Економија Чешка планира да и испорача 180.000 артилериски гранати на Украина следниот месец

Чешка планира да и испорача 180.000 артилериски гранати на Украина следниот месец

од nenad
2 минути читај за




Чешка има намера да и достави 180.000 парчиња артилериска муниција на Украина следниот месец, изјави денеска чешкиот претседател Петр Павел. Во интервју за германските медиуми, Павел рече дека чешката иницијатива за набавка на муниција за Украина напредува и дека ќе следат уште испораки во наредните месеци.

„Нашиот премиер Петр Фиала и јас претпоставуваме дека првата пратка од речиси 180.000 парчиња муниција ќе биде испорачана во јуни, а дополнителни договори се склучени за шестцифрен број гранати“, изјави Фиала за јавниот сервис АРД.

Павел рече дека е неопходно западните земји да ја зголемат воената поддршка за Украина, со цел да се зголеми притисокот врз Русија да ја запре војната и да седне на преговарачка маса.

„Од суштинска важност е да се поддржи Украина со сите средства за да може јасно да му стави до знаење на рускиот агресор дека нема смисла да ја продолжи војната; дека Русија нема да постигне понатамошни воени успеси. Се додека Русија има надеж за успех, нема причина да се вклучи во мировните преговори“, рече чешкиот претседател.

Во февруари, Чешка започна иницијатива за испорака до милион артилериски гранати и друга муниција на Украина, откако претседателот Володимир Зеленски ги повика европските сојузници да ја засилат воената поддршка и да испорачаат значително повеќе артилериски гранати.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING