Почетна Свет Четри години без Вело Цфарку еден најголемите интелектуалци Македонци од областа Голо Брдо (1935 – 2020)

Четри години без Вело Цфарку еден најголемите интелектуалци Македонци од областа Голо Брдо (1935 – 2020)

од nenad
1 минути читај за

Поминаа четри година без Вело Цфарку големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист. На 85-годишна возраст во Тирана почина Вело Цфарку, познат интелектуалец, учител, новинар, собирач на македонскиот фолклор и традиции од областа Голо Брдо. Цфарку беше долгорочен активист на Македонците од Голо Брдо, автор на неколку книги, статии. Со неговите дела помогнал многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традици за помладите генерации на Македонците во Република Албанија.

Вело Цфарку роден е 1935 година во село Ѓиновец областа Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, потоа и средно, како и Педагошки факултет. Во тек на 15 години работел како учител по селата во областа Голо Брдо. Автор на книги, стати за македонското малцинство во областа Голо Брдо. Авторот Вело Цфарку има значаен придонес за зачувување на македонскиот фолклор од областа Голо Брдо. Книгите ќе помогнат многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации на Македонците во Република Албанија. Книгите на авторот Вело Цфарку се “Голо Брдо во оптиката ан времето” 2007 година “Еден живот со Дибраните” 2011 година “Голобрдски Фоклор 1” 2009 година помогнал “Словенските Малциства во Албанија“ од авторите Клаус Штеинке од Германија и Џелал Ули, помогнал за книгата монографија за “Врница” и “Врница оптиката на времет” на автор Павли Никола “Втор дел Голо Брдо Ербеле Грно Крчиште” издавач Ото Сагнер Минхен Германија 2008 година.

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана во 2016 година му додели Благодарницата “Илинден” за особен придонес за Македонското национално малциство во Република Алабнија и придонес за Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана.

Вечна му слава и за навек името и делото на Вело Цфарку.

Извор : vesnik-ilinden.com

Четри години без Вело Цфарку еден најголемите интелектуалци Македонци од областа Голо Брдо (1935 – 2020)

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING