Министерот за јавна администрација Горан Минчев лично и во име на Министерството упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, посакувајќи денот „да биде исполнет со гордост, радост и чувство на единство“.
Во честитката тој вели дека бошњачката заедница „има значителна улога во развојот на Република Македонија, негувајќи ги вредностите на единство, различност, меѓусебно почитување и мултикултурно општество“.
-Празнувајќи го овој ден, ја истакнуваме заложбата на Министерството за јавна администрација за создавање инклузивна средина, каде што сите заедници ќе можат да напредуваат и да придонесат за просперитетот на нашата држава, се наведува во честитката на министерот Минчев.
хс/лв/Фото: Министерство за јавна администрација .
Извор: МИА