Почетна Економија Црна Гора подготвена да ја помогне Северна Македонија на патот за ЕУ

Црна Гора подготвена да ја помогне Северна Македонија на патот за ЕУ

од nenad
3 минути читај за

Заменик – претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, вчера во Подгорица се сретнал со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за политички систем, правда и антикорупција, Момо Копривица.

 Како што информираат од неговиот кабинет, на средбата било констатирано дека двете земји имаат пријателски односи, без отворени прашања, подготвени да соработуваат и да се помагаат меѓусебно.

 Заменик – претседателот на Владата Фетаи му честитал на неговиот колега Копривица за напредокот на Црна Гора на интеграцискиот пат.

-Успехот на Црна Гора и на Албанија за членство во ЕУ е мотивација и за останатите земји на Западен Балкан, рекол Фетаи.

 Тој го запознал домаќинот со активностите и предизвиците на работата на неговиот кабинет и изразил подготвеност да соработка на разни теми од обостран интерес.

Особено го истакнал функционирањето на црногорскиот совет за координација на борбата против организираниот криминал и корупција и системот за конфискација на нелегален имот.

 Вицепремиерот Копривица информирал за позитивниот извештај на ЕУ за Црна Гора за правосудство и темелни права и затварање на четири поглавја во разговорите со ЕУ.

 -Црна Гора има извесна перспектива за членство во ЕУ.

Тоа е дополнителна инспирација и за другите земји од регионот, рекол Копривница додавајќи дека напредокот на неговата земја се должи пред се на пресудите за корупција против високи јавни функционери.

 Тој истакнал и дека црногорската Влада е подготвена да и помогне на Северна Македонија со нејзиното знаењето и експертизата стекнато за време на преговарачкиот процес со ЕУ, но и за други области, за кои има интерес од македонската страна.

 Фетаи, вчера во Подгорица се сретнал и со министерот за јавната управа на Црна Гора, Мараш Дукај.

На средбата биле констатирани добрите пријателски односи меѓу двете земји и била изразена подготвеноста за продлабочување на соработката на сите области.

 Заменик претседателот на Владата Фетаи го информираше домаќинот Дукај за спроведување на европската агенда и особено ja истакнал важноста за спроведување на стратегиите за антикорупција и за транспарентност, како и обновувањето на соработката со Граѓанскиот сектор.

 -Со подготвуваат измени на неколку закони за реформа на судството, администрацијата и за зајакнување на борбата против корупцијат, рекла Фетаи додавајќи дека посебно внимание се посветува и на изградбата на Коридорот 8 и на олеснување на процедурите за движењето на граѓаните во регионот.

 Во врска со уставните измени, тој очекува брз напредок ако од новата бугарска влада се добијат гаранции дека нема да има нови условувања.

 Министерот Дукај ги претставил резултатите од преговорите со ЕУ, позитивниот извештај за поглавјето 23 и 24, како и најавата за затварање на четири поглавја до нова година, за што клучен придонес дал албанскиот фактор во владата.

 -Добивме ЕУ проект, кој предвидува донесување на два закони, за дигитализација и за заштита на критичната инфраструктура, како и основање на Центар за обука против сајбер криминал, се пофалил Дукај.

Тој рекол црногорската влада изготвува Закон за децентрализација, со кој ќе се зголемат надлежностите и финансиите на општините.

сст/лв/ фото Кабинет на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING