Почетна Технологија ЦРНА ВДОВИЦА: Што може да ви се случи доколку ве касне?

ЦРНА ВДОВИЦА: Што може да ви се случи доколку ве касне?

од nenad
2 минути читај за




Македонската јавност вчера беше видно вознемирена откако докторот Андон Чибишев објави дека црна вдовица каснала жител на Струмица.

   

Што знаеме за овој пајак? Црната вдовица е најотровниот вид пајак во Европа, односно еден од најотровните видови во светот. Распространет е на сите континенти. Убодот од црна вдовица е екстремно опасен. Отровот на овој пајак е 15 пати посилен од другите пајаци, а кај здравите лица ретко предизвикува смрт.

Првите 15 минути ќе почувствувате грчеви на местото каде што ве каснало. Во првиот час бедрата, грбот и рамената почнуваат да се грчат, бидејќи отровот го тера нервниот систем да се ослободи од неуротрансмитерите задолжени за работа на мускулите. Тогаш започнуа отежнато стоење и седење. Потоа станува уште потешко. Следните два часа се јавува тапа болка во подрачјето на абдоменот, а помеѓу третиот и дванаесетиот час кожата станува влажна, се јавуваат тешкотии при дишење, грчеви по телото, а можна е појава на несвестица. По 12 часа симптомите полека се смируваат, но за целосно исцелување потребни се неколку дена. Грчевите и слабост на мускулите можат да трат со недели, па дури и месеци, по убодот.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING