Сестрата на Цеца Ражнатовиќ, Лидија речиси 20 години е во брак со поранешниот фудбалер Предраг Оцокољиќ, со кој има четири деца. Сите живеат во вилата на Дедиње, а во емисијата „Цеца шоу“ на ТВ Блиц популарната пејачка откри дека сите наскоро се селат.
Познато е дека двете сестри се неразделни, па се претпоставува дека оваа разделба тешко им паднала.
Сите сме поврзани, само погледнете не’ Лидија и мене. Не сме се разделиле откако таа се роди. Сега кога се селат, првото прашање што луѓето го поставуваат е како ќе се разделиме?! – искрена е пејачката.
Цеца, по сопствено признание, често не прави разлика меѓу синовите на својата сестра Лидија Оцокољиќ.
Често им ги мешам имињата на близнаците. Само ги збунувам. За Илија мислам дека е Петар, за Петар мислам дека е Илија, но тоа е во некои ситуации. Иако овие деца се со мене од раѓање, многу си личат. Само кога ќе ги погледнам од напред знам кој е кој, но не од профил или одзади. Тие се идентични – со широка насмевка вели Ражнатовиќ.
Поврзани објави
Од друга страна, на близнаците не им е јасно како некој има проблем да ги разликува бидејќи, како што самите истакнуваат, разликите ги има во изобилство.
Имаме многу разлики. Најчесто се разликуваме по дупчето на лицето. Кога имавме сипаници, Илија се почеша и сега има лузна – истакна Петар, додека Илија се надоврза со зборовите:
„На фудбалскиот терен се разликуваме по тоа што Петар шутира со десната нога, а јас со левата. Играме на различни позиции. Носам број 45 и играм десно крило.
Видео: Instagram @blictelevizija