Ова не е прв пат да ја замени Цеца во судиското столче на музички натпревар.
Членот на жирито на Ѕвездите на Гранд Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска не се појави на снимањето на новата емисија на најгледаното музичко шоу, а причината е многу тажна.
Имено, Цеца моментално е во Јагодина на погребот на нејзиниот голем пријател Драган Марковиќ Палма, кој почина во петокот на 22 ноември.
Палма и Цеца беа пријатели долги години, а пејачката со семејството заминала во Јагодина за да го испрати својот пријател во вечното почивалиште.
Затоа нејзината колешка и пријателка Ивана Питерс ќе биде во фотелјата на Цеца на денешното снимање.
Поврзани објави
Новинарите и снимателите го снимија доаѓањето на Ивана Питерс во студиото на Гранд, а беа сведоци и дека сите членови на жирито се радуваа на нејзиното доаѓање и срдечно ја поздравија.
Инаку, ова не е прв пат Ивана да ја замени Цеца во судиското столче на музички натпревар.
Фото: printskrin Youtube/Zvezde Granda
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: