Почетна Убавина и здравје Хејли Бибер еден месец по породувањето – Убавина и здравје

Хејли Бибер еден месец по породувањето – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



Дали тие рани непроспиени ноќи не влијаат на неа, или, поверојатно, има едноставна рутина за убавина? Во секој случај, таа сигурно остава впечаток дека спиела добри осум часа, дури и ако не спиела. Сопругата на Џастин Бибер едноставно блеска!

По раѓањето на своето прво бебе, Џек, пред еден месец – Хејли Бибер направи  пауза од социјалните мрежи. Но сега конечно сподели фотографија на која се гледа позитивното влијание на мајчинството.

Моделот е познат по своите минималистички техники на шминка и невообичаениот стил. Па така и на оваа фотографија може да го забележиме нејзиниот омилен тип шминка, кој се карактеризира со нежни нијанси на кармин и руменило, малку маскара и нејзиниот личен печат, пегите.

Со малку труд, Хејли секогаш успева да изгледа свежо и да ги нагласи своите природни црти, а тоа е причина зошто е модна икона и пример за убавина меѓу помладите.


Поврзани објави

Забележителни се и нејзините нокти. Нема подобро чувство од добар и свеж маники , а изборот на Хејли е совршен за есенската сезона.

Иницијалот што го носи на нејзиниот врат е веќе познат меѓу публиката што ја следи, и знаеме дека тоа е нешто без кое ниедна комбинација не проаѓа кај оваа убавица.

@haileybieber

Фото: Prinstcreen Instagram (@haileybieber)


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING