Почетна Технологија ХЕРА:Перформансот за јакнење на родова еднаквост „Простор за разговор“ утре на сцената во Куманово

ХЕРА:Перформансот за јакнење на родова еднаквост „Простор за разговор“ утре на сцената во Куманово

од nenad
2 минути читај за




Почитувани,
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар Ве покануваат на 20 мај (понеделник) заеднички да ја подигнеме свеста за родовата еднаквост, преку настанот „Простор за разговор“ што ќе се одржи со почеток во 12 часот на сцената во Домот на културата во Куманово. Настанот е дел од низата културни настани од проектот „Простор за разговор“. Нашата цел е преку уметност, танц, театар и филм сплотени во еден перформанс да го зајакнеме чувството на припадност кон заедницата, да ги искорениме стереотипите и да ги зајакнеме младите и социјално ранливите.

   

Настанот „Простор за разговор“ се состои од краток филм и танцов перформанс, кои претставуваат уметничка рефлексија на темата и ќе бидат изведени од танчерите на Скопје танцовиот театар. Поканети се социолози, активисти и психолози, кои ќе говорат за тоа каде сме и што треба понатаму да направиме во однос на социјалната положба и родовата еднаквост.

Освен во Куманово „Простор за разговор“ во следните 10 дена ќе се одржи во Штип, Велес, Битола, Охрид и Струга. Проектот „Простор за разговор“ е поддржан од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект  за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан.

Со почит,
Тимот на ХЕРА



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING