Почетна Македонија Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

од nenad
1 минути читај за




Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките временски услови. Ахмад Алирезабеиги, ирански пратеник за градот Табриз, им изјави на новинарите во Техеран дека спасувачките екипи допрва треба да стигнат до локацијата на хеликоптерот во кој се наоѓа претседателот. Тој додаде дека другите два хеликоптери слетале безбедно.

   

Според локалните медиуми, претседателот Раиси се упатил кон градот Табриз, на северозападот на Иран, откако присуствуваше на церемонијата за пуштање во употреба на хидроцентралата Худаферин и отворањето на хидроцентралата Гиз Галаси изградена на реката Араз. Со Раиси патувале и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан, гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан и други официјални лица.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING