Почетна Технологија Хамас се закани: Инсистирањето на ослободување на заложниците преку воен притисок ќе резултира со нивно враќање во ковчези

Хамас се закани: Инсистирањето на ослободување на заложниците преку воен притисок ќе резултира со нивно враќање во ковчези

од nenad
1 минути читај за




Хамас го предупреди Израел дека инсистирањето на ослободување на заложниците преку воен притисок ќе резултира со нивно враќање кај семејствата во ковчези. „Издадени се нови инструкции до борците задолжени за чување на затворениците како да постапуваат со нив доколку израелската војска се приближи до местото на затворот“изјави Абу Обеида, портпарол на бригадите Ал Касам, военото крило на Хамас.

Обеида оценил дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и самата израелска војска се целосно одговорни за смртта на заложниците откако намерно го попречиле секој договор за размена на затвореници заради свои тесни интереси, со намерно убивање на десетици од нив преку директно воздушно бомбардирање, пренесе кинеската новинска агенција Синхуа. Изјавата следи по извлекувањето на телата на две жени и четворица мажи од Газа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека биле убиени во тунел на Хамас малку пред да пристигнат војниците.



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING