Table of Contents
Фројд ги разоткривал луѓето со ограничена интелигенција со една единствена реченица, а им ги припишувал овие особини
Зигмунд Фројд, најпознатиот психијатар и татко на психоанализата ни оставил во наследство генијални мудрости и изреки за сите времиња. Меѓу нив е и лекцијата што секој треба да ја запомни – како да ги препознаете глупавите луѓе!
„Првиот знак на човечката глупавост е потполното отсуство на срам“
Легендарниот психијатар ја откривал човечката глупавост многу брзо, а како да ја откриете и вие, советува во една единствена реченица: „Првиот знак на човечка глупавост е потполното отсуство на срам“, рекол Фројд. Па така, кога ќе се најдете во ситуација да се засрамите поради туѓото однесување или изјава, или да се чудите на нечии луди постапки – веднаш треба да знаете со кого си имате работа.
„Ако не ве ценат, немојте да се докажувате – бидете тоа што сте!“
Поврзани објави
Не е проблемот во вас, во нив е. Немојте поради тоа да ги спуштате своите критериуми и да правите сè што тие ќе посакаат, да изигрувате нивен кловн. Верувајте дека во еден момент ќе го искористат тоа, тоа е во човечката природа. Кога ќе им дадете прст, тие ви земаат цела рака. На крајот, поради сето тоа повеќе нема ни да ве ценат, па сè што сте направиле и низ коешто сте поминале, ќе биде залудно. Ако не ве ценат, немојте да се докажувате – бидете тоа што сте. Немојте да ја спуштате цената на вашето достоинство за да стекнете доверба, која и онака нема да ја добиете.
„Ако не ви веруваат, немојте да се правдате“
Кога некој не сака да верува – нема. Ќе го искористи тоа за некои лоши намери. Доволно е да си останете верни на себе и покрај сè и ќе видите како работите по некое време сами ќе се менуваат. Но не очекувајте промени прекуноќ. Вистинските луѓе порано или подоцна ќе ја откријат вашата вредност. Кога ќе најдете такви луѓе, чувајте ги како капка вода на дланка, а другите занемарете ги. Вашите очи нема веднаш да ја забележат вредноста на тие луѓе, но еднаш кога ќе ги препознаете, не дозволувајте ништо да ве одвлече од нив. Кога ќе станете најдобрата верзија од себе, тогаш ќе се појават луѓето чија присутност ќе стане вистинска авантура на заедничкото живеење. Тогаш вашиот заеднички живот ќе стане она што отсекогаш сте го сакале.
Кога некој сака да ве навреди, кажете му го ова: Моќна тактика на Зигмунд Фројд
ФОТО: Emiliano Vittoriosi / Unsplash