Почетна Технологија (ФОТО) Јаневска: Нема лесни промени, но и нема откажување од иднината на нашите деца

(ФОТО) Јаневска: Нема лесни промени, но и нема откажување од иднината на нашите деца

од nenad
2 минути читај за


Добро е кога на настани посветени на состојбите во образованието и на креирање идни политики, присутни се голем број чинители на општеството. Тоа покажува колку сите ние силно веруваме дека образованието е основниот постулат на кој треба да ја развиваме државата и гарантира утврдување на добар правец на делување за остварување на целта.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, на конференцијата „Осигурување на одржливост на реформите за подобрување на образовниот систем“, во организација на Проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“, кој е финансиран од ЕУ. -Благодарност до сите присутни на оваа конференција и што ќе дадеме еден заеднички придонес кон градењето на поквалитетен образовен систем.

Затоа што, ова не е обврска само на еден човек или само на една институција. Обврската е заедничка на сите нас, кои живееме, работиме и ја гледаме својата иднина тука во Македонија, а чест е што имаме партнери како Европската унија и повеќе други што постојано ни обезбедуваат поддршка, ефективна и видлива, потенцираше Јаневска.

Се надевам, рече министерката, дека таа поддршка ќе продолжи за приоритетите на новата Влада во делот на образованието. – Важни ни се сите сегменти на образованието и одеднаш и подеднакво ќе делуваме и во основното и во средното образование, но и во високото и науката.

Нови наставни програми и учебници за седмо, осмо и деветто одделение, а потоа навраќање и на подолните одделенија. Нови наставни програми и учебници во средното гимназиско образование. Во стручното останува проширувањето на концептот на дуално образование од кој верувам сите сме исклучително задоволни, но и продолжување на развојот на регионалните центри за стручно образование и обука, додаде Јаневска.

За сите промени, потребна е квалитетна законска регулатива, односно започната е јавна дебата за менување на повеќе законски решенија – за основно и средно образование, за средно стручно образование, за образование на возрасните и за националната рамка на квалификации. – Чекорите кои ги преземаме ќе бидат посмели и порешителни, знаејќи дека имаме партнери на кои можеме да се потпреме во секое време. Нема лесни промени, но и нема откажување од иднината на нашите деца, истакна Јаневска во обраќањето пред присутните на Конференцијата.

Министерство за образование и наука

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING