Северина ги воодушеви фановите со нови фотографии од Гутенбах, каде одржа два последователни концерти. По настапот, таа на Инстаграм сподели опуштени моменти од бекстејџ, покажувајќи го своето лежерно издание. Таа седеше насмеана на каучот со пуштена коса, во хеланки и патики.
„Последните две фотографии се од нас по две ноќи на Güttenbach (Gute Nacht)“, напиша таа во описот на објавата која има речиси девет илјади лајкови.
Поврзани објави
Таа објави и фотогалерија од нејзиниот впечатлив аутфит што го носеше на сцената, а има над 16.000 лајкови. Таа носеше црвено здолниште покриено со светки и црвен градник врз кој носеше бела кошула врзана околу половината.
Обожавателите ја опсипуваа со пофалби во коментарите. „Ураганот Северина“, „Ти си бомба“, „Таа е навистина убава и згодна жена“, „Најубавата жена на Балканот“, се само дел од коментарите.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/p/DCe-tk5oGFC/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading&img_index=5