Еден од најпопуларните пејачи на овие простори со децении зазема високо место на листата на „срцекршачи“, тоа е кариера која се одвиваше паралелно со музичката. Многу дами од Вардар до Триглав и денес „не би му простиле“.
Сепак, неговото срце повеќе од две децении ѝ припаѓа на сопругата Александра, со која има две ќерки. А, дали знаете која му била првата љубов на Здравко Чолиќ?
Таа вчера се појави на Филмскиот фестивал во Сараево и ги привлече сите погледи на црвениот тепих во интересна креација. Нејзиното име е Јасна Орнела Бери, има 70 години и е позната босанско-херцеговска актерка.
Чола и Јасна се вљубиле во седумдесетите години на минатиот век, додека двајцата живееле во Сараево. Но, за таа романса Јасна проговорила неколку децении подоцна.
Ние се запознавме многу млади, одамна. Отидовме на Скендерија, во Домот на млади, кој собираше таленти, тука имаше не само музичари, туку и актери и сликари. Се дружевме и тука првпат се вљубив – раскажала Јасна за „Дневни аваз“.
Сите имаме први љубови и секогаш ќе има дел од моето срце кое е резервирано само за него. Особено затоа што имав прекрасно искуство кое ќе го паметам до крајот на мојот животот – додала Јасна.
Потоа, нивните патишта се разделиле, а, по војната, повторно се сретнале.
Беше тоа многу емотивна средба. Здравко е човек кој шири позитивна енергија, го има тоа нешто. Тој е добар човек. Кај него го сакав тој негов нерв, таа искра во окото којашто не престанува.
Тоа и понатаму е љубов што не можете да ја погалите и држите за рака. Ми ја посвети песната „Ноќ ми те дугује“ – открила првата љубов на Здравко Чолиќ, која публиката ја гледаше во популарните филмови и серии како „Во земјата на крвта и медот“, „Луд, збунет, нормален“…