Почетна Убавина и здравје (Фото) Новиот пејач на „Рибља чорба“ со емотивен настап ја воодушеви белградската публиката!

(Фото) Новиот пејач на „Рибља чорба“ со емотивен настап ја воодушеви белградската публиката!

од nenad
2 минути читај за



Групата „Легенде“ вчеравечер одржа концерт, а како специјален гостин се појави Јован Јефтиќ, новиот пејач на групата „Рибља Чорба“, кој го замени легендарниот Бора Ѓорѓевиќ.

„Легенде“ вечерта го одржаа јубилејниот 60-ти концерт, а за првпат со нив на сцената се појавија „Рибља чорба“ со новиот пејач, кој пред белградската публика и во преполната сала ја изведе песната на Бора „Погледај дом свој анџеле“.

 


Поврзани објави

Хорот од 120 гласови и новиот пејач Јован Јефтиќ ги насолзија очите на присутните, а целиот впечаток во салата беше дека споменот на легендарниот Бора Ѓорѓевиќ сѐ уште живее.

Долгогодишниот соработник на Бора, пратечкиот вокал Јован Јефтиќ пееше од срце и предизвика силни емоции кај публиката, која со овации го проследи настапот и на спектакуларен начин и оддаде почит на рок ѕвездата.


ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING